СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Познатата пејачка загина во сообраќајна несреќа

Пејачката Енџи Стоун, позната како ко-основач на хип-хоп триото The Sequence и за соло R&B хитови како „Wish I Didn’t Miss You“, почина на 63-годишна возраст.

Нејзиниот ПР-претставник во изјава потврди дека Стоун починалa во саботата на 1 март, а како што пишува TMZ, таа рекла дека пејачката загинала во сообраќајна несреќа по настапот во Алабама.

Тажната вест ја потврди и нејзината ќерка Дајмонд.

„Мајка ми повеќе не е со нас“, напиша таа на „Фејсбук“.

Стоун е родена на 18 декември 1961 година. Најпозната е по хитовите „No More Rain (In This Cloud)“ и „Wish I Didn’t Miss You“. Во нејзината плодна кариера има три греми-номинации.

„Гласот и духот на Енџи Стоун ќе живеат засекогаш во срцата на оние што ги допре“, изјави нејзиниот публицист за Си-Ен-Ен.

Освен ќерката Дајмонд, позади себе го остави и синот Мајкл кој го доби со пејачот Ди Анџело.

Loading