Страотни сцени во Атина: Демонстрантите се судрија со полицијата, летаа молотови коктели (ВИДЕО)

Тешки инциденти се случија во центарот на Атина денеска, по завршувањето на официјалниот дел од протестот кој се одржа како дел од одбележувањето на втората годишнина од железничката несреќа кај Темпи, јавува „Катимерини“.

Групи маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели, разни предмети, полицајците одговорија со шок бомби и солзавец, а инцидентите се проширија околу поширокиот дел на плоштадот Синтагма и околните улици.

Претходно, илјадници учесници на денешниот протест им оддадоа почит на загинатите 57 луѓе во железничката несреќа кај Темпи.

Денешниот протест на плоштадот „Синтагма“ беше во организација на организации, здруженија, работнички центри, синдикатот на Комунистичката партија, студентски здруженија и сл. и е во исто време со почетокот на тридневната расправа во Парламентот за предлогот на четири опозициски партии за гласање недоверба на Владата.

 

Loading