Познатиот македонски доктор призна дека зел поткуп

Познатиот битолски хирург М.С (64) признал дека примил поткуп од пациентка и добил условна казна на судењето во Основен суд Битола.

Случајот е решен по признание на вина на обвинетиот доктор, меѓутоа, Основното јавно обвинителство од Битола не било задоволно од одлуката на судот и поднело жалба на пресудата, пишува „АПЛА.мк“.

Информациите се дека хирургот за операција на жолчно ќесе побарал од фамилијата на пациентката да се „почести“ со 150 евра.

Loading