Уживајте во раната пролет, еве кога доаѓа НАГЛА ПРОМЕНА и дождови

Зимата се враќа, а март е секогаш непредвидлив, еве кога ќе дојде до промена на временската состојба.

До крајот на неделата во Македонија ќе преовладува претежно сончево време со постепен пораст на утринските температури. Сончево и стабилно време, според метеорозите, ќе остане и во понеделник, но од вторник се очекува наоблачување, што ќе донесе врнежи од дожд, особено во јужните делови на земјата.

Минималните температури ќе се движат од 2°C до 6°C, а во јужните предели од 5°C до 10°C. Дневните температури ќе достигнат од 14°C до 20°C, додека во јужниот регион се очекува да достигнат до 22°C. Од недела утринските температури ќе бидат од 4°C до 10°C, а на југот до 12°C.

Уживајте во прекрасното пролетно време овој викенд, промени доаѓаат од 11 март.

Во текот на викендот (15 и 16 март) се очекува нестабилно време со врнежи од дожд, а стабилизација не се предвидува ни во деновите потоа. Интензитетот на врнежите ќе биде променлив, со повремени локални врнежи, особено на југот. Температурите ќе бидат во благ пад.

Но, дали зимата навистина заврши? Според последните прогностички модели, околу средината на месецот можна е нова промена – продор на ладен воздух од север кон Балканот и кон Македонија, што би можело повторно да донесе зимски услови. Утринските температури ќе се движат од 3°C до 8°C, а на југот до 11°C. Максималните дневни температури ќе бидат од 6°C до 11°C, додека во јужните предели може да достигнат до 14°C.

Loading