Иако со години се зборува за укинување на поместувањето на часовникот, сегашниот распоред сè уште нè држи во ритам на две промени годишно – во пролет и наесен.
Тоа значи дека на 30 март во 2:00 по полноќ, часовникот ќе се помести на 3:00 часот, односно еден час нанапред.
Летното сметање на времето започнува кон крајот на март, точните датуми се менуваат, а оваа година стрелките ќе ги поместиме нанапред на 30 март во 2:00 по полноќ. Тоа значи дека ќе изгубиме еден час сон, но вечерите ќе бидат подолги.
На зимското сметање на времето се враќаме на 26 октомври, кога ќе ги вратиме стрелките наназад – од 3:00 на 2:00 часот наутро. Тогаш ќе добиеме еден час повеќе за спиење, но деновите ќе бидат пократки.
![]()

