Меѓу загинатите во пеколот во Кочани и музичарот Филип Стевановски

Меѓу жртвите на стравичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани е и музичарот Филип Стевановски, известува регионалната телевизија „Стар“.

„На петмина се искачи бројот на починати штипјани, меѓу кои и директорот на Центарот за култура Штип“, Филип Стевановски.

Стевановски магистрираше џез-музика, а беше продуцент и врвен музичар.

„Петмина штипјани досега се идентификувани како починати во синоќешната огнена катаклизма во Кочанската дискотека Пулс“, пишува на фејсбук страницата на регионалната телевизија.

Претходно потврдена е смртта на тапанарот на бендот ДНК, струмичанецот Горги Горгиев.

Горги Горгиев, фото-фејсбук

 

Loading