Просечната плата во Македонија достигна 43.050 денари, кој сектор добил најголемо зголемување на платата?

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на истиот месец во 2024 година, изнесува 108,9.

Зголемувањето на платите се должи најмногу на растот во секторите: Уметност, забава и рекреација (15,6%), Административни и помошни услужни дејности (12,0%) и Образование (11,4%).

Меѓутоа, забележано е намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во некои сектори, како што се: Градежништво (6,6%), Преработувачка индустрија (5,4%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,5%).

 

Во јануари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува 43.050 денари.

Loading