Познатиот српски актер, омилен низ целиот регион, Никола Коjo, испрати јасна порака до режимот на Александар Вучиќ, реагирајќи на наводната употреба на „звучен топ“.
Никола Коjo ја започна својата порака со реченицата: „Некој му пука во грб на твојот народ, со топ кој е забранет низ целиот свет“, зборувајќи за употребата на сè уште неутврдено нелегално оружје врз мирните демонстранти во Србија на 15 март 2025 година.
„Меѓу тие луѓе има деца, стари лица, срцеви болни и други пациенти. Тоа се случуваше додека народот оддаваше почит на луѓето кои загинаа поради раскалашеноста, алчноста и лудилото на ѕверот што го криеш и за кој работиш.
Тие страдалници беа поклопени со илјадници тони бетон. На Оливер му беше пукано во грб. Имаш ли ти ‘грб’?
Имаш ли `рбет да го исправиш и да кажеш кој го притисна копчето, а кој нареди терористички акт?
Ја облече ли таа униформа за да бидеш кукавица која ги прикрива злосторниците или човек кој се заколна дека ќе го брани својот народ, своите деца?
Размисли… Легни и пробај да заспиеш. Ако мирно заспиеш, разбуди се утре, соблечи ја униформата и официјално зачлени се во убијците.
Или излези како човек и направи го она што треба да го направиш. Ќе ти прости и Бог и народот на кој му се заколна дека ќе го чуваш“, порача Никола Коjo.
![]()

