Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на разговорот со граѓаните во Лесковац, изјави дека „извлекол поука“ од протестите во земјата и дека ќе инсистира сите државни институции да реагираат во секој момент и на секое место.
„Оние што тоа нема да го прават, ќе ги смениме. Полицајците кои нема да сакаат да го штитат поредокот и законот ќе бидат заменети, истото важи и за обвинителите“, порача Вучиќ пред граѓаните во Народниот театар во Лесковац.
View this post on Instagram
Тој повторно нагласи дека сите случувања се резултат на „шарена револуција“.
Во близина на театарот се собраа демонстранти кои протестираа против посетата на Вучиќ. Полицијата постави кордон и им го блокираше пристапот до театарот, додека собраните скандираа „оди си“.
![]()

