„Бидете луѓе, не таблоиди“ – Моќната порака во стихови на Пере „Нокаут“ по трагедијата во Кочани

По трагичниот пожар во Кочани, кој ја потресе целата земја, фронтменот на групата „Нокаут“, Никола Перевски – Пере, ја сподели својата емотивна песна насловена „Ќути кога боли“.

Со овој силен текст, тој испрати порака против сензационализмот и повика на емпатија и човечност.

Во своите стихови, Пере остро ги осудува оние што ја користат туѓата несреќа за коментари и спектакл, потсетувајќи дека понекогаш најголемата доблест е – тишината.

„Бидете луѓе. Не таблоиди. Не ловци на туѓа трагедија,“ порачува музичарот, апелирајќи за почит и достоинство кон жртвите и нивните семејства.

Неговите зборови предизвикаа силни реакции на социјалните мрежи, отворајќи важна дебата за односот на јавноста кон трагичните настани.

Ќути кога боли

Луѓето знаат да гледаат.

Знаат да гледаат директно

во туѓата несреќа.

Да кликнат, да коментираат.

Да се насладуваат на туѓиот пекол

додека грицкаат нешто мрсно од кеса.

Но,знаеш што не знаат?

Да молчат кога е потребно.

Да ја спуштат главата кога не знаат,

кога немаат поим.

Да се ​​тргнат настрана кога болката не е нивна.

Да ги остават луѓето да ги закопаат своите деца

epp

без блиц, шепоти и евтини анализи.

Не барам чуда.

Не барам свет

без врева.

Барем за тие неколку дена,

epp2

Бидете луѓе.

Не таблоиди.

Не ловци на туѓа трагедија.

Не доктори за се и сешто.

Само луѓе.

Со душа, ако ни остана.

Затоа што ако го прокоцкаме и тоа –

Нема ни што да се свири веќе.

Loading