Стабилна е состојбата на пациентите што се лекуваат во болниците во Софија, Варна и Пловдив, вели бугарскиот министер за здравство

Во бугарските болници се лекуваат 15 пациенти. Само двајца од нив се постари од 30 години. Петмнина, пак, се помлади од 18 години
Одговарајќи на прашањето дали може да се размислува за тоа дел од пациентите да се испуштаат од болниците на домашно лекување, Кирилов рече дека е рано да се зборува на таа тема, оти голем дел од пациентите имаат отворени рани што се лекуваат, а за што веројатно ќе бидат потребни пластични операции
Состојбата наповредените во пожарот во Кочани што се хоспитализирани во болниците во Софија, Варна и Пловдив е стабилна, изјави вчеравечер за бугарската телевизија БТВ, бугарскиот министер за здрваство, Силви Кирилов, посочувајќи дека најтешка околност при нивното лекување е вдишувањето на гасови за време на пожарот.

„Кај нас се лекуваат 15 пациенти. Само двајца од нив се постари од 30 години. Петмнина, пак, се помлади од 18 години. Се третираат според сите лекарски правила“, рече тој.

Најголем проблем за повредените, посочи дека е вдишувањето на гасови за време на пожарот.

„Од хоспитализираните, најголем дел се на спонтано дишење, двајца се екстубирани, кои не се веќе на механичка вентилација. Но, оние кои се се уште на механичка вентилација се во тешка, но стабилна состојба“, вели бугарскиот министер.

Одговарајќи на прашањето дали може да се размислува за тоа дел од пациентите да се испуштаат од болниците на домашно лекување, Кирилов рече дека е рано да се зборува на таа тема, оти голем дел од пациентите имаат отворени рани што се лекуваат, а за што веројатно ќе бидат потребни пластични операции.

„Второ, имаат и оштетувања на белите дробови. Затоа, рано е да се даваат прогнози. Имаме уште многу долг пат“, кажа Кирилов.

Loading