„Во врска со објавите во дел од медиумите околу наводното излегување на лицето Јован Јанев од партијата Левица, ја известуваме јавноста дека: Јован Јанев не е член на Левица повеќе од една година, и пред тоа, подолго време беше неактивен, никогаш не бил раководно лице на нашиот подмладок и никогаш немал никаква партиска функција, туку беше само член“, велат од Левица.
„Жалиме што го користи несоодветниот и тенденциозно одбраниот момент од негова страна, за јавно да излегува со невистини изјави“, додаваат од партијата и истакнуваат:
„Зошто баш сега го избрал моментот јавно да обзнани дека не е член, оставаме јавноста да процени. Му посакуваме сè најдобро“.
Истакнатиот член на Левица, Јован Јанев објави дека ја напушта партијата, откако во јавноста се појави видео во кое сопартијците, заедно со српски обучувач, дискутираат како да ја искористат трагедијата во Кочани за организирање пленуми и активности.
![]()

