Став на Богојески: Политичар кој го храни своето его од туѓа болка не е водач, туку опасност

Петар Богојески, претседател на партијата „Македонски концепт“, го осуди однесувањето на некои фигури од политичката сцена што дури и во моменти на голема трагедија „немаат срам ниту етика“.

„ СЕ ЧУВСТВУВАМ длабоко згрозен и сериозно загрижен.

Во каква држава живееме кога на политичката сцена егзистираат фигури како Димитар Апасиев, КОБНИКОТ НА НАШЕТО ВРЕМЕ — луѓе кои не само што немаат срам и етика, туку покажуваат и загрижувачки симптоми на политичка некрофилија. Да се обидуваш да стекнеш политички поени врз основа на трагедија и смрт на деца, е дно што ретко кој би го допрел. Но, ете, Апасиев успеа и тоа да го надмине.

Некрофилијата, во психолошки и правен контекст, е парафилија — тешко нарушување при кое лицето чувствува болна привлечност или фасцинација кон смртта и мртви тела. Во поширока, метафорична смисла, терминот се користи за луѓе кои профитираат од смртта, кои не покажуваат елементарна емпатија и кои користат човечка трагедија како политичка сцена. Тоа не е само етички пад — тоа е симптом на сериозно нарушен карактер.
Апасиев е само илустрација на тоа како изгледа некрофилијата во јавниот живот — без душа, без совест, без срам. Политичар кој го храни своето его од туѓа болка не е водач, туку опасност. Не за власта, туку за човечноста.

Доколку имавме систем како нормална држава, Димче ќе беше хоспитализиран во соодветна установа, бидејќи некрофилијата е кривично дело – грубо нарушување на човечкото достоинство. Тој јавно покажа дека има длабоко нарушени психопатолошки состојби, трауми, или нарушени социјални и емоционални врски. Покажува склоност кон црнила, смрт и мртви тела. Такви суштества во историјата ги имало доста и довеле до трагедии со милиони човечки жртви.

Нека ни биде јасно: ова нема врска со левица, десница, власт или опозиција. Ова има врска со морална граница што, кога еднаш ќе се премине, не постои враќање.

Loading