Лекарка од Софија: Првата помисла ми беше – хорор филм, координацијата со колегите од Македонија била клучна за брза реакција

Со над 300 повици дневно работи Итната медицинска помош на Софија, главниот град на Бугарија. Тоа е вообичаеното темпо на работа за лекарите и останатиот персонал. Но, на 16 март, денот добива сосема различен тек од вообичаениот.

Од рано утрината добиваат итни насоки од бугарското Mинистерство за здравство – веднаш да се соберат медицински екипи и да се упатат кон Северна Македонија. Повеќето лекари веќе имале слушнато за трагедијата во Кочани, па за рекордно време успеале да се екипираат, раскажува доктор Стефан Костадинов, раководител на смена во софиската Итна помош.

„Првата помисла ми беше – хорор филм. Ама, за жал, не беше филм, беше една огромна трагедија. За мене беше уште поголема трагедија зашто јас скоро сите луѓе ги познавав пред болница. Имаше мои блиски, пријатели, родители. Беше страшно, не се опишува со никакви зборови.

-Кога стигнавте во Клинички во Скопје, се сретнавте со медицинските тимови, што беше вашата задача во тој момент?

Кога стигнавме во Скопје прво нешто, јас се сретнав со мои роднини од Кочани, сите чекаа информација за пациентите. Пациентите беа претходно тријажирани кои од нив ќе се транспортираат во странство. Се се одвиваше супер брзо, организацијата беше на професионално ниво“, раскажува Марија Кушевска – лекарка во Итната медицинска помош на Софија, Р. Бугарија.

Целото интервју може да го проследите на следниот линк.

Loading