Фатен на дело: „Борецот против елитите“ Борислав Крмов од Левица инкасирал државни пари

Еден од најгласните претставници на Левица во борбата против корупцијата и расипништвото на политичките елити, пратеникот Борислав Крмов, во периодот од 2019 до 2023 година инкасирал околу 5.000 евра од категоријата „Примања по основ на други извршени повремени или привремени услуги“.

Според извори на Нетпрес од Левица, парите, кои се финансирани од државата за функционирање на Левица, Крмов ги вадел од партиската сметка. Ова отвора сериозни прашања за транспарентноста во трошењето на партиските средства, особено ако се земе предвид дека неговата пратеничка плата изнесува околу 120.000 денари месечно.

Информацијата ја објави Нетпрес, а јавноста сега се прашува дали пратеникот, кој гласно критикува расипништво во политиката, всушност го практикува истото што го осудува.

Loading