Летното сметање на времето започна ноќеска во 2 часот, кога стрелките беа поместени еден час нанапред и времето се смета како 3.
Оваа промена е воведена за да обезбеди повеќе дневна светлина, но со приближувањето на зимата, деновите стануваат пократки, па многумина започнуваат и завршуваат со работа во темница, со малку можности да поминат време на сонце.
Сè почесто се слушаат ставови дека овој систем е застарен. Некои студии покажуваат дека во овие околности се троши повеќе енергија, додека лекарите предупредуваат дека поместувањето на времето го нарушува природниот ритам на сон, што може да влијае на физичкото и менталното здравје.
Околу 70 земји во светот двапати годишно ги поместуваат стрелките, меѓу кои и Македонија.
![]()

