Се огласи Додиќ: „Се сретнав со Путин – еве што ми рече“

Претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ, се сретна во Москва со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Својата посета на главниот град на Русија, Додиќ ја започна со оддавање почит на споменикот на Непознатиот јунак, во чест на 28 милиони загинати Руси во Втората светска војна.

По средбата со Путин, Додиќ се огласи на социјалната мрежа Икс.

„Тукушто имав состанок со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин – ова е наш 26-ти состанок. Путин е запознаен со сите детали и со целокупната ситуација кај нас. Се интересира за работи кои ги засегаат обичните луѓе“, вели Додиќ.

Тој нагласи дека Русија е многу важна земја за Република Српска во рамките на Советот за безбедност и дека секогаш била објективна.

„Русија е гарант на мировниот договор, и Путин го потврди тоа на средбата. Русија ќе се залага за затворање на меѓународните институции, особено на лажниот висок претставник, или како што вели Путин – нелегитимниот претставник. Се интересираше за деталите – што работиме и како работиме“, додаде Додиќ.

Инаку, претседателот на Република Српска претходно изјави дека, на покана на рускиот претседател, повторно ќе биде во Москва на 9 мај за одбележување на 80-годишнината од победата над фашизмот.

Loading