Српската телевизија РТС изутринава е блокирана од студентите, ТВ Нова не може да емитува програма

Студентите кои синоќа ги блокираа РТС и сите влезови на оваа телевизија на улиците „Таковска“ и „Кошутњак“, ноќта ја минаа пред влезот и од утрово не дозволуваат никому да влезе.

Поради оваа блокада, телевизијата Нова С, чии простории се и во рамките на комплексот РТС во Кошутњак, не може да ја емитува утринската програма „Пробуди се“ бидејќи на новинарите не им е дозволен влез во просториите, соопшти телевизијата.

-Почитувани гледачи, ве известуваме дека не можеме да ја емитуваме утринската програма „Пробуди се“ поради студентската блокада на РТС, која го блокираше и влезот во просториите на ТВ Нова – се вели во соопштението на ТВ Нова. Тие додадоа дека гледачите можат да ги следат на страницата на Инстаграм.

Во координирана акција, студенти од Белград и Нови Сад синоќа ги блокираа зградите на Радио телевизија на Србија (РТС) и Радио Телевизија Војводина (РТВ) и најавија дека не се знае до кога ќе останат таму.

Како што јавува Н1, на блокадата на РТС учениците ќе дежураат во смени, а поставен е и шатор пред зградата на улицата „Таковска“ каде граѓаните можат да оставаат донации.

Провладините медиуми ја окарактеризираа студентската акција како тероризам, а кога екипата на Информер се појави во близина на РТС, обезбедувањето застана меѓу граѓаните и новинарите од тој медиум за да спречат конфликт.

Студентите се собраа и пред студијата на РТС во Кошутњак, каде им оддадоа почит на загинатите во несреќата кога се урна натстрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Академиците пристигнаа на Кошутњак нешто по 22 часот, а набрзо пристигнаа и припадници на полициската бригада. Сообраќајот во тој дел од градот се одвива нормално, додека „Таковска“ е блокирана.

Loading