Путин и Зеленски со сочувство за смртта на папата Франциск кој молеше да заврши руско-украинската војна

Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, зборуваа за смртта на папата Франциск, кој силно ја критикуваше војната во Украина, осудувајќи го конфликтот како „суров и бесмислен чин на насилство“.

„Во името на Бога, ве молам – престанете со овој масакр“, рече папата Франциск во еден од неговите најмоќни апели на почетокот на конфликтот.

Владимир Путин изрази „искрено сочувство“ по смртта на папата.

„Ве молиме, примете го моето најискрено сочувство за смртта на Неговата Светост Папата Франциск“, рече Владимир Путин во пораката до кардиналот Кевин Џозеф Фарел, соборник на Светата римска црква.

„Во текот на годините на неговиот понтификат, тој активно го поттикнуваше развојот на дијалогот меѓу Руската православна и Римокатоличката црква, како и конструктивната соработка меѓу Русија и Светата столица. Во овој тажен момент, сакам да Ви пренесам, како и до целото католичко свештенство, изрази на сочувство и поддршка“, се вели во пораката на рускиот претседател Владимир Путин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека милиони луѓе ширум светот тагуваат по смртта на папата Франциск.

„Неговиот живот беше посветен на Бога, луѓето и Црквата. Знаеше да понуди надеж, да ги ублажи страдањата преку молитва и да поттикне единство. Се молеше за мир во Украина и за Украинците. Тагуваме заедно со католиците и сите христијани кои наидоа на духовна поддршка кај папата Франциск. Вечен спомен”, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х.

Loading