Почина познатиот актер – Сите ќе го паметат по оваа легендарна серија

Познатиот австралиски актер Џерард Кенеди, чија кариера траеше повеќе од пет децении, почина на 93-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја потврди семеен пријател преку емотивна објава на социјалните мрежи.

„Почивај во мир, Џерард Кенеди. 1932 – 2025 година. Иконски австралиски актер со децении зад себе. Особено запаметен од фановите на „Затвореникот“ по улогата на терористот Ал во епизодите „Опсада кај Вентворт““, се вели во соопштението за смртта на актерот.

Кенеди беше најпознат по неговите улоги во сериите „Под површината“ и „Дивизија 4“, но гледачите го запаметија и по неговите улоги во популарните австралиски серии како „Соседи“, „Сини униформи“ и „Селска пракса“.

Роден е во 1932 година во Перт, а кариерата ја започна во шеесетите. Популарноста ја стекна во серијата „Ловец“, шпионски трилер на Канал девет, каде ја играше главната улога. За својата работа, тој доби две награди Golden Logie – во 1971 и 1972 година, како и две награди за најдобар актер – во 1972 и 1973 година, сите за неговата улога во ‘Division 4’.

Тој беше мајстор за трансформација на екранот – лесно преминувајќи од напнати драми во топли, емотивни улоги, што забавниот агент Мет Бенет го потврди во изјавата:

„Неговата кариера беше вистински мастерклас во разноврсност. Посветеноста на занаетот и инспирацијата што ја даваше на генерации актери е негов траен белег.

Loading