КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНАТА БАНКА Славески, Ставрески или Кадиевска Војновиќ?

Седумгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај. Според неофицијални информации до кои дојде Плусинфо, нејзините шанси да ја задржи сегашната позиција се мали.

Но, тоа ќе се знае откако денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе достави предлог до Собранието за нов прв човек на централната банка. За нејзиниот предлог најверојатно парламентот ќе расправа утре.

Најсериозни кандидати за нов гувернер се поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески, а помали се шансите на Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна вицегувернерка.

Претседателката Сиљановска Давкова досега беше воздржана и не лицитираше со имиња.

 

Loading