Арсовска: Меџити и „принцезата на дивоградбите“ да дојдат во Чаир наместо да промовираат туѓи проекти

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно му се обрати на вицепремиерот Изет Меџити и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Таа вели дека треба да дојдат во општината наместо да промовираат туѓи проекти.

„Изет Меџити наместо да дојде во Чаир, таму каде што е најповикан заедно со неговата „принцеза на дивоградбите“, тој се исмева со граѓаните додека промовира туѓи проекти“, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по промоцијата на електричните автомобили.

Арсовска вели дека проектот за споделување на автомобили е проект започнат во соработка со приватна компанија и претпријатијата на градот Скопје.

„’Храбриот’ Меџити никаде го нема да се соочи на терен со мене за дивоградбите кои тој и Висар Ганиу со години спротивно на закон ги граделе и легализирале во Чаир, со фалсификување на документи и одобренија за тие дивоградби“, вели Арсовска.

Срам за Македонија и оваа влада, додава таа, се Изет Меџити и Висар Ганиу.

„Замислете, човек кој стои позади стотици дивоградби, ставил во ризик илјадници граѓани, фалсификувал документи со својот измеќар, сега е вицепремиер и промовира туѓи проекти пред медиумите и граѓаните“, вели Арсовска.

Loading