Необични економски ефекти од војната во Иран: Цената на нафтата паѓа, но бензинот поскапува!

Цените на нафтата на Волстрит паднаа за 7,22%, на 68,51 долари за барел. Но во европските земји,  цената на бензинот достигна над 2,3 евра за литар. Предупредување за поскапувања има и за сметките за струја и за гас.

Додека нафтата продолжува да поевтинува – со силен пад на Волстрит од 7,22% на 68,51 долари за барел, – цените на горивата и гасот растат.

Ова се меѓу првите економски последици од ескалацијата на кризата во Иран, каде САД директно интервенираа со напади врз ирански нуклеарни објекти.

Поскапувањата ги загрижуваат не само потрошувачите, туку и компаниите – особено во пресрет на летните одмори.

Според бројни аналитичари, евентуалното затворање на Ормускиот теснец – стратешки важна поморска врска меѓу Персискиот Залив и Арапското Море – би значело сериозна економска изолација за Иран, бидејќи преку него се одвива речиси една петтина од глобалниот извоз на нафта, вклучително и најголемиот дел од иранската нафта што се извезува, особено кон Кина.

Loading