Драма се одиграла во вторникот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што наместо грижа за пациенти, еден конфликт меѓу вработени завршил со физички напад.
Имено, во вторникот околу 18:00 часот, С.А. (51) од Скопје пријавила дека била физички нападната од нејзиниот колега Г.В., со кого заедно работат во истиот медицински објект, во Ургентниот центар.
Инцидентот предизвикал вознемиреност кај присутниот персонал и кај пациенти, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Станува збор за сериозен инцидент кој ја отвора темата за работната атмосфера и односите меѓу вработените во здравствените установи.
![]()

