Далибор Сирола му се приклучи на тимот на Новак Ѓоковиќ како ново засилување пред почетокот на 137-то издание на еден од најпрестижните тениски турнири во светот.
Сирола треба да ја преземе улогата на кондиционен тренер, позиција која остана празна по заминувањето на Гебхард Фил-Грич од стручниот штаб на Ѓоковиќ. Засега не е познато дали ангажманот на Сирола е привремен или ќе биде траен дел од тимот на Новак.
Интересен е фактот што покрај Сирола, и физиотерапевтот Клаудио Зимаља доаѓа од тениската академија на Пјати – центар во кој Ѓоковиќ во текот на кариерата повеќепати тренирал и го усовршувал својот физички и технички потенцијал.
Далибор Сирола официјално е шеф на одделот за перформанси во Тениски центар на академијата Пјати, но по игра на случајност, доби можност директно „на терен“ да соработува со еден од најголемите спортисти на сите времиња.
![]()

