Студентите од Белград го „гаѓаат“ Вучиќ со песна од Тоше Проески: еве како изгледа дел од кампањата за денешниот протест

Судирот помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и студентите од Белград доби нова, симболична димензија пред најавениот масовен протест за Видовден, денес, кога илјадници млади од цела Србија ќе излезат на улиците со барање за распишување вонредни парламентарни избори.

Во пресрет на протестот, студентите започнаа симболична кампања во која го искажуваат својот револт преку пораки инспирирани од нашата поп ѕвездаТоше Проески. На улиците на Белград, но и на социјалните мрежи, се појавија беџови со стихот:

„Се уште усните ти се уморни и  и сè што кажуваш – знам дека не е“, директна алузија на лажливиот политички говор, како што велат организаторите.

принтскрин Инстаграм

Со ироничен тон, студентите го нарекуваат Вучиќ „жвалавиот“, алудирајќи на моментите од неговите јавни настапи, кога, според нив, „од возбуда и неискреност му се појавуваат пени околу устата, кои потоа ги брише со јазикот“.

@rino16048

Pitate se zašto Vučića zovu žvala ili žvalavi. Evo zašto…#aleksandarvucic #žvala #žvalavi #srbija #sns #beograd #nadstrešnica

♬ Scheming Weasel – Tsoulfas Panormitis

Иако паролата звучи на прв поглед поетично, студентите велат дека нејзината цел е јасна – да се покаже дека младите веќе не веруваат во политичките манипулации и дека, како што симболично порачуваат преку Тоше, „време е за нова вистина“.

Протестот е закажан за вечерва на плоштадот Славија, со најави за мирна, но масовна мобилизација и креативен отпор. Според програмата, планирани се говори, уметнички перформанси и музика, а стиховите на Тоше сè почесто стануваат незваничен саундтрак на студентскиот бунт.

Loading