Португалија во жалост: Илјадници луѓе се простуваат од Жота и неговиот брат (Видео)

Португалија е завиена во црно по трагичната смрт на фудбалерот Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија. Несреќата се случила кога нивното возило излетало од патот и се запалило. Погребот на двајцата браќа е закажан за сабота во 10 часот во Гондомар, близу Порто.

Пред капелата каде што се одржува бдението, се собраа илјадници луѓе – роднини, пријатели и бројни познати личности од светот на фудбалот. Мајката Изабел пристигнала во придружба на менаџерот Жорже Мендеш, додека таткото Жоаким едвај стоел на нозе од болка и тага.

Несреќата се случила во ноќта меѓу среда и четврток во шпанската провинција Самора, кога пукнала гума на автомобилот во момент на претекнување. Возилото излетало од патот и се запалило, а пламенот брзо се проширил и на околината, пренесува шпанска „Марка“.

Диого Жота патувал кон траект со кој требало да се врати во Англија за да се приклучи на подготовките со Ливерпул. Поради неодамнешна медицинска интервенција, лекарите му советувале да не патува со авион, па избрал да се врати по копнен и морски пат. Неговиот брат го придружувал на патувањето.

Loading