Николоски: Со Ѓорѓиевски ќе реализираме три крупни проекти за Скопје – градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси

Министерот за транспорт, Александар Николоски, преку социјалните медиуми објави три планови за Скопје кои ќе се реализираат со, како што наведе, новоизбраниот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

Денешниот градоначалник на Кисела Вода беше денес претставен од страна на ВМРО-ДПМНЕ како нивен кандидат за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори. “Градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси.”

“За разрешување на сообраќајниот хаос и редукција на загадувањето! Ова се три големи проекти, историски би рекол, кои координирани од премиерот Христијан Мицкоски и во партнерство со новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ќе ги оствариме!”, истакна Николоски.

Тој додаде: “Со Орце се познаваме долго време. Беше и шеф на кампања во Изборната Единица 4 во 2020 година кога ја имав честа да сум носител. Орце е цврст карактер и голем борец. Ќе триумфира и ќе биде извонреден градоначалник.”

Loading