Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, изјави дека новите царини, кои претседателот Доналд Трамп ги најави уште во април, ќе стапат на сила од 1 август за сите земји што до тогаш немаат постигнато трговски договор со САД.
„Трамп ќе испрати писма до нашите трговски партнери со јасна порака, ако не се постигне договор, се враќаме на царините од 2 април,“ рече Бесент во интервју за Си-ен-ен.
Иако се шпекулираше дека ова може да биде уште еден одложен рок, Бесент истакна дека станува збор за конечна одлука и ги охрабри државите да го забрзаат процесот.
Претседателот Трамп веќе најави дека од 1 август „ќе почнат да пристигнуваат пари во САД“, како резултат на новите царини. Воедно, се очекуваат и нови трговски договори пред истекот на привремената суспензија, која завршува во среда.
Белата куќа сè уште нема официјален коментар на најавите.
![]()

