Муса Џавит кој минатата недела уби војник на АРМ во скопско Батинци најверојатно побегнал од земјава објави телевизија 24.мк
Од МВР за ТВ 24 велат дека тој веќе една година се бара со меѓународна потерница за друго убиство, а органите на прогонот со колегите од другите земји по второто убиство интензивно трагаат по бегалецот.
„Нашите органи соработуваат и се во постојана комуникација со органите на прогонот на сите земји каде постои индиција дека бегалецот може да се крие, велат од МВР
Бегалецот Муса Џавит со дебело криминално досие за една година смртно застрелал две лица. Убиствата ги изврши ланското и ова лето среде бел ден во скопско Батинци, но полицијата се уште не успева да му влезе во траг и да го фати.
Последното убиство ја потресе јавноста кога минатата недела пред влезот на Батинци со два куршуми го уби 50 годишниот офицер на АРМ. Пукал пред очите на неговота ќерка додека се движеле со возило.
![]()

