Руски патнички авион се урна во близина на кинеската граница

Патнички авион се урна во источна Русија, соопшти руската цивилна заштита. Во авионот, кој патувал од Благовешченск до Тинда на границата со Кина, имало 49 лица. Спасувачките сужбите ги пронашле запалените остатоци.

Спасувачките екипи кои го бараа патничкиот авион кој исчезна од радарите на рускиот Далечен Исток, пронашле негови запалени остатоци. Авионот, Антонов Ан-24, се движел од Благовешченск до Тинда во Амурската област на границата со Кина кога исчезнал од радарот недалеку од неговата дестинација, соопшти агенцијата за цивилна одбрана за руските новински агенции.

Авионот се урнал, а според гувернерот Василиј Орлов, во него имало 49 лица, меѓу кои наводно и деца.

Авионот се приближувал кон Тинда кога сигналот исчезнал, соопштија властите. Но, екипажот претходно не пријавил никакви проблеми со авионот.

Спасувачите ги пронајдоа запалените остатоци на околу 15 километри од аеродромот. Напорите за спасување се попречени од преовладувачкиот мочуришен и тајга пејзаж, областа е многу ретко населена. Не е познато дали има преживеани.

Антонов Ан-24 е еден од најстарите патнички авиони што сè уште се во употреба во светот. Неговото сериско производство започна во почетокот на 1960-тите. Според медиумските извештаи, самиот авион бил стар речиси 50 години. Сепак, неговата лиценца сè уште била важечка до 2036 година.

Loading