Пеколни пожари во Албанија: Илјадници хектари и домови уништени, се бара помош од Европа

Албанија се соочува со катастрофални пожари, кои уништија илјадници хектари земјиште и десетици куќи, додека пожарникарските бригади водат борба со десетици активни фронтови ширум земјата.

Според Евроњуз, најсериозната ситуација е во југозападниот дел на земјата, каде што пожарите се резултат на комбинација од човечки фактор и екстремен топлотен бран.

Во операциите за гаснење се ангажирани над 1.000 пожарникари и итни служби, а Албанија побара поддршка од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Унгарија, Хрватска и Италија веќе испратија помош, додека ЕУ мобилизираше четири хеликоптери и два авиони за гаснење пожари.

Состојбата останува критична, а евакуации и интервенции продолжуваат со забрзано темпо.

Loading