Во Турција продолжува екстремниот топлотен бран. Денес, 27 јули, во градот Силопи (провинција Ширнаќ), измерени се 48,5 степени, што е два степна поалку од рекордот 50,4 степени измерени пред два дена, на 25 јули. Во Џизре денес сеизмерени 48,9 °C, а во Нусејбин и Кизилтепе температурите достигнале 48,7 °C и 48,3 °C.
Во Шанлиурфа,исто така познат како Урфа, кој е еден од најважните аџилак градови на Блискиот Исток, наречен „Ерусалим на Анадолија“, денес температурите достигнале 51 степен Целзиусов.
Овој екстремен топлотен бран има сериозно влијание врз туризмот. Во популарните туристички дестинации како Анталија, Измир и Адана, температурите се движат околу 40 степени, што ги намалува туристичките активности и го зголемува ризикот од топлотни удари. Некои туристи се принудени да ги прекинат своите патувања или да ги ограничат активностите на раните утрински часови и вечерните часови.
Метеоролошките служби издадоа предупредувања за тропски ноќи со температури кои не паѓаат под 30 степени, што дополнително го отежнува престојот на туристите во Турција.
Во обид да се избегнат негативните ефекти од топлотниот бран, властите препорачуваат ограничување на престојот на отворено, особено во периодите од 11 до 16 часот, и обезбедување на доволна хидратација и заштита од сонце.
![]()

