Швајцарска поддршка од 7,5 милиони франци за комуналните претпријатија

Денес во зградата на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се одржи формална свеченост на потпишување на спогодби, како дел од најновата швајцарска помош за зајакнување на јавните комунални претпријатија во државата.

Според известувањето од Министерството за животна средина и просторно планирање, на случувањето ќе имаат обраќање и ќе ги заверат договорите: првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и амбасадорката на Швајцарската Конфедерација Вероник Улман.

Спогодбите, со вкупна вредност од 7,5 милиони швајцарски франци, се посветени на техничка и финансиска асистенција на јавните комунални претпријатија во седум општини низ Северна Македонија, со цел да се унапреди нивната отпорност, делотворност и одржливост.

Loading