Социјалните мрежи се преплавени со видеоснимки од повеќе од десетина приведени учесници на вчерашните протести, снимени утрово. На снимката, која во живо ја емитуваше провладината српска телевизија „Информер“, мажите клечат свртени кон ѕид, со лисици на рацете, додека зад секој стои припадник на Интервентната единица.
Сцената предизвика жестоки реакции и осуди во јавноста, а граѓаните коментираат дека „ги построиле како за стрелање“. Дел од нив реагираат и на самата потреба вакво видео да биде јавно објавено.
Zbog ovoga će i Dačić i vi i Vučić sa kamarilom isto ovako klečati.
Ali i moliti! pic.twitter.com/iWtBqhPbdp— Marinika Tepić (@MarinikaTepic) August 15, 2025
Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека по вчерашните инциденти се приведени 114 лица, поднесени се 34 кривични и 28 прекршочни пријави, а повредени се 75 полицајци. Според него, полицијата реагирала само по нападите врз службени лица.
Во меѓувреме, на интернет кружат снимки и сведоштва за полициска бруталност кон демонстрантите, додека, како што тврдат граѓаните, нападите од поддржувачи на владејачката партија остануваат несанкционирани.
![]()

