Бујар Османи со амбициозна програма за спорт: Целосна ревитализација на салите и поддршка за младите таленти

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, ја претстави својата програма за развој на спортот, како што објави- изготвена врз основа на анализи и препораки од домашни и меѓународни експерти.

Османи најави дека приоритет ќе биде целосната обнова на постојните спортски објекти, меѓу кои салите „Енвер Идризи“, „Васил Главинов“, „Имри Елез“ и „Лирија“, како и трансформација на „Партизан“ во модерен мултифункционален центар со име на олимпискиот шампион Шабан Сејдиу. Планирани се нови игралишта, уредени паркови, спортски програми за жени, постари лица и лица со попреченост.

Ќе има стипендии за талентирани спортисти, поддршка за клубови при аплицирање во европски фондови, како и основање нови спортски клубови во дисциплини кои досега недостасувале. Учениците ќе имаат повеќе часови физичко образование и воннаставни активности, а ќе се организираат училишна лига, турнири и општинска олимпијада.

„Ова не е само список на проекти, туку стратегија со јасна визија – Чаир да стане пример за современа, достапна и сеопфатна спортска средина, каде секое дете и секој граѓанин има можност за активен и здрав живот,“ нагласи Османи.

Loading