Со гајба полна со шишиња ја удрил по глава: Жена тешко повредена од скопјанец поради лични недоразбирања

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека на 23 август, пред угостителски објект во Автокоманда, скопјанец нападнал жена со која имал лични недоразбирања.

Според истрагата, тој прво ја навредувал, а потоа со пластична гајба полна со стаклени шишиња ја удрил по главата, предизвикувајќи обилно крварење. Жената, зашеметена, успеала да повика полиција и била пренесена во болница, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Јавниот обвинител предложил одредување мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за приближување и контакт со жртвата, привремено одземање на патната исправа и обврска за редовно јавување кај службено лице.

Обвинителството истакнува дека овие мерки се неопходни за заштита на оштетената од можно ново загрозување на нејзината безбедност и живот.

Loading