Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека, по убиството на американскиот патриот Чарли Кирк, „радикалните левичарски лудаци едноставно мора да бидат победени“.
„Мораме да бидеме храбри во животот. И имаме одлична земја. Имаме радикални левичарски лудаци и едноставно мора да ги победуваме“, им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа, кога беше прашан дали има порака за конзервативците кои можеби се чувствуваат како да се цел на радикални групи, објави Политико.
Тој рече дека ќе ги повика своите поддржувачи да следат ненасилен пат како одговор на пукањето.
„Кирк беше застапник на ненасилството. Би сакал да видам луѓето да реагираат на тој начин“, рече Трамп.
Коментарите на Трамп дојдоа откако 31-годишниот Кирк беше застрелан и убиен за време на јавен настап на универзитетскиот кампус во Орем, Јута.
Властите не го уапсија стрелецот, а мотивот за убиството на Кирк останува непознат.
По пукањето, Трамп сними говор од Овалната соба и го објави на социјалните мрежи, каде што го пофали Кирк и ја обвини „радикалната левица“ за неговата смрт.
![]()

