Лондон го предупредил Израел да не презема одмазнички чекори по иницијативите за признавање на палестинска државност

На прашање од Би-би-си дали е загрижена дека Израел ќе ја искористи декларацијата како изговор за анкесија за делови од Западниот Брег, шефицата на британската дипломатија вели дека јасно му ставила до знаење на својот израелски колега дека тој и неговата влада не смеат да го сторат тоа.

Министерската за надворешни работи на Велика Британија, Ивет Купер, изјави дека го предупредила Израел да не презема чекори за анексија на делови од Западниот Брег како одмазда за признавањето палестинска држава од страна на Лондон.

Изјавата на Купер дадена за британскиот национален сервис Би-би-си доаѓа пред денешната конференција во Обединетите нации (ОН) во Њујорк, на која ќе присуствува таа, и на која се очекува Франција и други држави да соопштат дека формално ја признаваат палестинската државност.

Британскиот премиер, Кир Стармер, вчера официјално објави дека Лондон признава палестинска држава, а истото, во координирани изјави го сторија и Канада, Австралија и Португалија.

Ваквите потези наидоа на жестока реакција од владата во Тел Авив, чиј премиер Бенјамин Нетанјаху ги оцени, како што кажа, огромна награда за тероризмот.

На прашање од Би-би-си дали е загрижена дека Израел ќе ја искористи декларацијата како изговор за анкесија за делови од Западниот Брег, шефицата на британската дипломатија рече дека јасно му ставила до знаење на својот израелски колега дека тој и неговата влада не смеат да го сторат тоа.

Loading