Претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески преку објава на социјалните мрежи упати порака дека христијанството е најзагрозена религија во Македонија, а воедно најави и жестоко спротивставување на секташите и левицата за заштита на слободата на Македонија.
ВЕРСКА СЛОБОДА ВО МАКЕДОНИЈА
Религијата отсекогаш претставувала суштински елемент во идентитетот на македонското општество, а христијанството – како најраспространета вера – има особено значење за културното и историското наследство на државата. Сепак, токму христијаните сè почесто се соочуваат со навреди, омаловажувања и акти на непочитување кои ја нарушуваат нивната вера и достоинство, а ХРИСТИЈАНСТВОТО е најзагрозена религија во Македонија.
Овие негативни појави најчесто се манифестираат преку говор на омраза на социјалните мрежи, но не се исклучени ниту инциденти во јавниот простор, како и сквернавења на верски објекти и симболи.
Главните извори на ваквите предизвици може да се согледаат во три насоки:
1. Екстремно левичарски секти – чија реторика често преминува во агресивен напад врз институцијата на Црквата и врз верниците, преку понижувачки транспаренти и јавни пораки. Се сеќавате на оние транспаренти “Црквата да одјебе” и милион такви навреди од разни здруженија на “агностици и атеисти”!
2. Одредени поединци и групи меѓу муслиманското население (Македонци-муслимани и Бошњаци) – каде што верската припадност понекогаш се врзува со идентитетот наспроти заедничкиот македонски културен простор, што создава тензии и непотребни поделби. Чудна е таа омраза помеѓу Македонци со Македонци, ама тоа е што е!
3. Поединци од Албанците и други етнички заедници – каде без посебна основа се јавува отпор или непочитување кон христијанските симболи и традиции.
МАКЕДОНИЈА била и ќе остане земја на верска слобода!
НАША ОБВРСКА е да се бориме за таа слобода! Заштитата на слободата на вероисповед е клучна не само за верниците, туку и за развојот на демократското и плуралистичко општество. Затоа, потребна е јасна и доследна борба против сите форми на омраза и тоталитарни тенденции, без разлика дали тие доаѓаат од политички, идеолошки или етнички извори.
Да го заштитиме НАРОДОТ од левите секташи, кои не само што ја загрозуваат верската, туку и граѓанската слобода е под напад од тие тоталитаристички бандити!
МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ жестоко ќе се спротистави на секташите од левицата и ќе ја заштити СЛОБОДАТА ВО МАКЕДОНИЈА! За нас, заштита на верските права и слободи е темел на граѓанската демократија и иднината на нашата држава.
Сите ве сакаме
![]()

