Коалицијата „Искуство за успех“ ги претстави своите кандидати за градоначалници и советници за претстојните локални избори. Присутните имаа можност непосредно да чујат дел од предлозите на кандидатите, а поздравни говори одржаа претседателите на партиите членки на коалицијата „Искуство за успех“ – ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР.

Од коалицијата велат дека нема повеќе зборови во ветар, изневерени очекувања, расправии, суети и инаетење – само резултати и помалку изговори.
Коалицијата „Искуство за успех“ на претстојните локални избори ќе настапи со 10 кандидати за градоначалници и 36 советнички листи, меѓу кои и носителот на советничката листа за Град Скопје, Ристо Пенов и вториот на листата, веднаш под него, докторот Никола Пановски. Кандидат за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“ е Александар Трајановски, советник и поранешен заменик-градоначалник на главниот град.
![]()

