НАТО е подготвен да „одговори со полна сила“ на руско нарушување на воздушниот простор

Европските дипломати го предупредуваат Кремљ дека ќе се одговори на понатамошните нарушувања на воздушниот простор, вклучително и соборување на авиони доколку ситуацијата го бара тоа.

Европските дипломати ги предупредија руските претставници во Москва дека НАТО е подготвен да „одговори со полна сила“ на понатамошните нарушувања на нејзиниот воздушен простор, пренесе „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Предупредувањето е упатено на, според изворите, „напнат состанок“ во руската престолнина, на кој присуствувале претставници на Велика Британија, Франција и Германија.

Тие особено изразија загриженост за неодамнешниот инцидент кога три ловци МиГ-31 наводно влегле во естонскиот воздушен простор, што беше оценето како намерен чин во Брисел и другите престолнини на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, неодамна изјави дека алијансата не ја исклучува можноста за соборување на руски авиони доколку тие претставуваат непосредна закана за цивилната инфраструктура или за населението. Како што нагласи, силите на алијансата имаат секаков потребен авторитет да употребат сила и „да уништат секое летало што би можело да ги загрози животите и безбедноста на луѓето во земјите членки“.

Најновиот инцидент со МиГ-31 повторно го отвори прашањето колку далеку ќе оди Москва во провоцирањето на НАТО.

Loading