На предизборно соочување на ТВ24 кандидатите за градоначалници за Општина Крушево, кандидатот Нико Чонески го „демаскираше “ актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ Томе Христоски.
Нико Чонески: „Замислете, кажавте дека пред вашето доаѓање Крушево било анонимно. Значи никој не слушнал во Македонија и во светот, сите слушнале откако вие дојдовте на власт. Не слушнале ни за Питу Гули, ни за Илинденоско востание, кога дојде Томе Христоски тогаш сите разбраа за Крушево.
Кога зборуваме за капитални инвестиции, можеме да набројуваме и два дена кој колку направил или не направил, но важни се бројките.
Бројките се немилосрдни.
Во вкупна вредност, Томе Христоски реализирал капитални инвестиции во вредност од 3.000.000 евра за 8 годишен мандат.
Ако ги споредиме тие бројки со 8 годишниот мандат на неговите претходници, таа сума е 10.000.000 евра.
Значи претходните двајца градоначалници во нивните мандати за 8 години, реализирале капитални инвестиции од 10.000.000 евра, Томе Христоски за истото време во два мандати за 8 години, 3.000.000 евра.
Значи на Томе Христоски ќе му требаат уште 4 мандати за да ги стаса неговите претходници.
![]()

