Во историјата на нејзината земја, Индира Ганди останува запаметена не само како прва жена на функцијата претседател на влада, туку и како личност во текот на чија власт Индија помина низ најтемниот период, кога опозицијата беше безмилосно задушувана, противниците беа апсени, а слободните медиуми со кои се гордее оваа земја – беа задушени 19 месеци.

Партијата Левица и претседателот Димитар Апасиев попладнево имаше средба со граѓани во Неготино. Пратеникот Сашко Јанчев од ИЕ4 за време на настанот се повика на познатата изрека на Ганди, „Прво те игнорираат, потоа ти се смеат, потоа те напаѓаат, на крај – победуваш.“
– Така е со нас, прво не игнорираа, па ни се смееја, а денес не цензурираат преку нефер игра каде што и самите не може да се рекламираме со наши пари. ДПМНЕ уплашени од нашиот раст, не спречија во можноста за рекламирање на конвенционалните медиуми, но ние не се плашиме и не кукаме, истакна Јанчев.
![]()

