Ѓорчев: Заев е најдеструктивниот лик во македонската политика последните 70 години

-Зоран Заев е најдеструктивниот лик во македонската политика последните 70 години, нема подеструктивен. На тој Зоран Заев граѓаните на Македонија во 2021 година му изгласаа недоверба, му покажаа врата и затоа поднесе оставка, затоа што на локални избори го поразивме 50 спрема 10, 5/1 на тие локални избори, посочи Влатко Ѓорчев.

СДСМ на овие избори ќе доживеат уште поубедлив пораз, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-На овие избори мислам дека ќе биде и поубедливо, мислам дека Заев ќе биде поразен и во Струмица, значи тој Заевизам кој што ништо добро не и донесе на Македонија сега ќе биде поразен и во Скопје , во Струмица и во Прилеп, Пелагонија, Источна Македонија… Низ цела Македонија ќе биде тоа поразено затоа што ниту нуди преспективи, на Македонија и создава проблеми, на Македонија и донесе ислеување и да не заборавиме, Македонија беше земја која што имаше најголема смртност од Ковид во светот, а во тоа време Заев и Филипче се возеа на мотори. Дневно имавме по 50 мртви, по 50 погреби низ цела Македонија, илјадници луѓе преживуваа голгота, со оние Ковид центри, а тие возеа мотори, и тоа ни се случуваше да имаме по 50 мртви и тоа ни се случуваше со месеци, во цел свет имаше смртност, но таа Македонија на Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче имаше најголема смртност во цел свет, истакна Ѓорчев.

Loading