Претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја започнува својата годишна турнеја низ Западен Балкан, за да ја истакне поддршката на Европската Унија за процесот на пристапување на регионот во ЕУ и да разговара за Планот за раст на ЕУ од 6 милијарди евра за Западен Балкан за периодот 2024-2027 година.
-Нејзина прва дестинација ќе биде Тирана, каде што ќе се сретне со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама. Средбите ќе се фокусираат на патот на Албанија кон интеграција во ЕУ, како и на можностите за економска соработка и подобрување на регионалните врски, објави Ора њуз.

По посетата на Албанија, Фон дер Лајен ќе отпатува за Тиват, Црна Гора, а ќе ги посети и Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Македонија.
![]()

