Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски денеска истакна дека по локалните избори нема да се одржат предвремени парламентарни избори и најави дека фокусот ќе биде на, како што изјави, расчистување во судството и обвинителството и одговорност од сите што ја злоупотребиле власта од власта т.н црна коалиција на „СДСМ, ДУИ и Левица“.
„Предвремени избори ќе нема, имаме стабилна коалициска влада, која функционира одлично“, изјави денеска Николоски, при посетата на Гостивар во рамки на кампањата за локалните избори.

„Разликата помеѓу нас и црната коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица е што ние зборуваме за проекти, не можеме да се доискажеме колку проекти имаме, а од другата страна има празни зборови и манипулација и постојана жед и желба за власт. Минатата година отидоа во опозиција, само една година и три месеци се поминати откако се во опзиција и не можат да додржат да останат во опозиција и цело време – ‘предвремени избори, предвремени избори’. Кога некој толку многу бара предвремени избори тоа значи дека него го интерасираат само привилегиите од власта, а овие ги интересира и криминалот од власта“, рече Николоски.
Нема, дополни, да се занимаваме со предвремени избори, туку со расчистување во судството и обвинителството и сите кои ја злоупотребија власта од т.н црна коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица ќе одговараат по завршување на овие избори.
„Тоа е фокус број еден по завршување на изборите“, посочи Николоски.
![]()

