Претседателот на македонскиот концепт, Петар Богојески, во последната објава ја изрази својата поддршка за воведување на задолжителни тестови за користење наркотици за сите политичари во Македонија. Според Богојески, овој чекор е неопходен за да се осигури транспарентноста и доверба во работата на државните функционери.
„Прв мене нека ме тестираат! Втор димче оџа!?! Може ли? Трети кандидатите за градоначалници на Скопје… И така сите по ред… министри, пратеници… ајде!”, напиша Богојески во својата објава, предлагајќи сериозен тест за сите политичари, без исклучоци. Тој дури спомена и можноста за проширено психијатриско испитување, кое би се извршило од страна на странски и домашни експерти.
Богојески не само што се залага за „чистота“ на политичката сцена, туку и предлага сериозна и транспарентна проверка на личностите кои имаат власт да ја водат државата. Според неговите зборови, проблемите со зависностите, како и недостатокот на етика и одговорност, не треба да бидат нешто што се избегнува, туку нешто што треба да се решава на највисоко ниво.
„Може да направиме и проширено психијатриско испитување… комисиски од странски и домашни експерти! Проблем ли е? За мене не! За останати?”, додава Богојески, поддржувајќи целосно отворена и транспарентна проверка на сите политички актери во земјата.
Ваквиот повик од страна на Богојески ќе отвори дебата за тоа како се справуваме со политичката етика и одговорноста на државните функционери, и дали воопшто е возможно да се спроведе ваква иницијатива во Македонија.
Како ќе реагираат останатите политички партии и функционери? Тоа останува да се види во следните денови.
![]()

