Маглата на Апасиев за резултатот на Левица кој всушност е ефект на Амар, не на партијата
Иако лидерот на Левица, Димитар Апасиев, го прикажува резултатот на локалните избори во Скопје 2025 како доказ за раст на својата партија, бројките и контекстот покажуваат поинаква слика. Подобрениот резултат не е одраз на идеолошка експанзија, туку комбинација од ефект на кандидатот, пониска излезност, и структурни демографски фактори, меѓу кои важна улога одигра и ЕТНИЧКАТА и ВЕРСКА припадност на кандидатот Амар Менциновиќ.
Амар успеа да допре до поширок круг граѓани – надвор од традиционалната база на Левица. Со умерен и граѓански настап, симболична инклузивност и етничка разноликост, тој привлече и дел од неопределените гласачи кои не се идентификуваат со ЛЕВИЧАРСКА ИДЕОЛОГИЈА. Во исто време, пониската излезност ја зголеми релативната тежина на секој глас, што резултираше со повеќе советнички мандати без значителен раст на апсолутниот број гласачи.
Резултатот на Левица во Скопје, затоа, повеќе говори за сила на личност и изборен контекст, отколку за вистинска трансформација на партиската поддршка. Зад „маглата“ на Апасиев за партиски раст стои факт – успехот во 2025 е заслуга на кандидатот, а не на идеологијата.

Маглата што ја сее Апасиев е врз основа на квантитативниот раст односно гласовите за Амар во споредба со претходните локални избори.
На локалните избори во Град Скопје 2025, партијата Левица навидум постигна пораст во однос на претходниот изборен циклус од 2021 година.
Според официјалните резултати: за Совет на Град Скопјево 2021 Левица освоила 20.333 гласа (9,72%) во 2025 освоиле 26.811 гласа (11,53%) , ЗаКандидат за градоначалник во 2021 освоиле 20.434 гласа (9,41%) а во 2025 Амар Менциновиќ: 30.665 гласа (13,18%)
На прв поглед, овие бројки укажуваат на раст на поддршката за Левица. Но реалноста е поинаква.
Кандидатот за градоначалник Амар освои 3.854 гласа повеќе од советничката листа на Левица, што претставува зголемување од околу 14% во однос на партиската поддршка.
Тоа јасно укажува дека дел од гласачите го поддржале лично кандидатот, а не програмата на Левица.
Етничка и верска димензија на гласањето е еден од значајните, но често премолчени фактори во резултатот на Амар.
Како припадник на муслиманската заедница и етнички Бошњак, тој успеа да добие поддршка во делови од скопските населби со мешан етнички состав, каде традиционално Левица нема силна инфраструктура.На територија на Град Скопје живеат околу 6.000 Бошњаци.
Кандидатот ја прошири перцепцијата за Левица како помалку етноцентрична и повеќе граѓанска партија, што привлече гласови од етнички малцинства кои претходно биле дистанцирани.
Излезноста во 2025 беше пониска во однос на 2021, што имаше два клучни ефекта: Процентуален раст без суштинско зголемување на поддршката.
Со помал број излезени гласачи, дури и мал апсолутен раст се претвора во повисок процент, создавајќи впечаток на експанзија.
Понизок праг за мандат.
Намалениот број гласачи ја олесни распределбата на советнички места, што резултираше со повеќе мандати за Левица, иако нивната гласачка база не пораснала пропорционално.

Иако резултатите изгледаат подобрени, нема јасен доказ дека станува збор за раст на идеолошката поддршка.
Неколку елементи тоа го потврдуваат:
-
Кампањата беше деидеологизирана – насочена кон локални, практични теми, а не кон левичарски идеолошки пораки;
-
Дел од гласачите го поддржаа кандидатот од идентитетски или лични причини, а не поради програмата на Левица;
-
Организациската структура на партијата останува централизирана и недоволно разгранета на терен.
Левица бележи квантитативен раст, но тој е резултат на комбинација од личен ефект, етничко-идентитетски фактори и ниска излезност, а не од суштинска експанзија на идеолошката поддршка.
Амар Менциновиќ донесе нов профил на гласачи, вклучувајќи етнички и верски разнолика поддршка, што е преседан за Левица.
Пониската излезност механички го зголеми процентот на освоени гласови и мандати.
Растот на Левица во 2025 претставува производ на контекст и личност, а не долгорочна идеолошка консолидација.
Предизвикот за партијата во иднина ќе биде дали ќе успее да го задржи и институционализира овој поширок електорат, или ќе се покаже дека резултатот бил еднократен личен ефект на кандидатот.
А.А
![]()

