Филипче: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја посети општина Крушево, каде што заедно со градоначалникот и кандидат на СДСМ за уште еден мандат, Томе Христовски, со жителите од селото Јакреново разговараше за реализираните и идните проекти.

„Сакам да ви кажам дека не би дошол да побарам поддршка за човек и за тим во којшто не верувам. Бидејќи нема општина што ја води СДСМ, а да нема резултати. Нема место каде граѓаните не се слушнати. Од Центар, Крива Паланка, Кривогаштани, Дојран, Валандово, секаде луѓето работат посветено, реализираат инфраструктурни проекти, решаваат реални проблеми и создаваат подобри услови за живот“, истакна Филипче.

Филипче порача дека токму таквиот пристап на отвореност, домаќинско работење и почит кон секој граѓанин ја разликува СДСМ од политичките противници. 

„Секаде се луѓето отворени, секаде луѓето слушаат, не прават поделба, секаде луѓето ги реализираат ветените програми и тоа вистински како што треба. Вистински инфраструктури проекти. И тоа не морам јас да ви го кажувам, вие тоа најдобро го знаете. Ако треба асфалтирање, водовод и канализација, градинка, училиште што и да треба градоначалникот излегува во пресрет“, потенцира Филипче.

Loading